ДЕЛОВИ ОД СКОПЈЕ УТРЕ БЕЗ СТРУЈА И ВОДА Проверете дали сте на списокот
ЕВН најави повеќе планирани прекини на електрична енергија во неколку скопски општини, а ЈП „Водовод и канализација“ најави прекин на водоснабдувањето во дел од Центар.

Повеќе локации во Скопје денеска (4 ноември 2026 година) ќе останат без електрична енергија поради планирани интервенции на електродистрибутивната мрежа. Според најавата на ЕВН Македонија, прекините ќе ги опфатат следните локации:
-
Маџари – Општина Гази Баба: Од 08:30 до 14:30 часот без струја ќе бидат корисниците на улиците „Никола Киров-Мајски“ и „Благоја Стефковски“, поради интервенција во ТС Маџари 19.
-
Сарај – Општина Сарај: Од 09:00 до 10:00 часот прекин на електричната енергија ќе има кај корисниците зад џамијата, на улиците 1, 3 и 5, поради интервенција во електроенергетската мрежа.
-
Општина Кисела Вода: Од 09:00 до 12:00 часот без струја ќе бидат корисниците на улицата „Саса 2“.
-
Улица „Коста Новаковиќ“: Од 10:00 до 13:00 часот ќе има прекин на електричната енергија на потегот од „Зур маркет 5“ до крајот на улицата, кај салата на Јеховините сведоци.
Покрај прекините на електричната енергија, ЈП „Водовод и канализација“ најави и прекин на водоснабдувањето поради уличен дефект на водоводна цевка со профил Ф-80 мм на крстосницата меѓу улиците „Борка Талевски“ и „Апостол Гусларот“.
Без вода ќе останат корисниците на дел од улицата „Борка Талевски“, на потегот од „Ленинова“ до „Рајко Жинзифов“, вклучително и ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“.
Прекинот на водоснабдувањето во Општина Центар започнува во 08:30 часот и ќе трае до завршување на интервенцијата.

