КУПУВАЊЕ СО ЕДЕН КЛИК Zalando воведува AI што ќе нарачува производи и од други продавници
Европскиот гигант подготвува револуција во онлајн трговијата – од 2027 година вештачката интелигенција ќе може да го завршува купувањето без корисниците да ја напуштат апликацијата.

Компанијата Zalando го претстави системот „Zalando Extended“, кој со помош на вештачка интелигенција ќе им овозможи на корисниците да купуваат производи од други интернет-продавници преку една апликација.
Новата технологија користи таканаречени AI-агенти, дигитални асистенти кои ќе можат да пребаруваат производи и да го реализираат процесот на нарачка во име на купувачот.
Целосната автоматизација е најавена за 2027 година, а прв партнер во пилот-проектот е Westwing, компанија специјализирана за мебел и уредување на домот.
Zalando веќе користи вештачка интелигенција за препораки на облека и модни комбинации. Компанијата соопшти дека нејзиниот AI-асистент го посетиле повеќе од 22 милиони корисници во текот на 2026 година.
Во третиот квартал Zalando остварила приходи од околу 3,17 милијарди евра, раст од 5,1 отсто на годишно ниво, додека бројот на активни корисници достигнал 63,2 милиони.
Новата услуга најавува промена во онлајн купувањето – вештачката интелигенција повеќе нема само да предлага што да купиме, туку ќе може и да го направи купувањето наместо нас.

