ДРАМА ВО ПРЕМИЕР ЛИГА – Халанд го „потопи“ Арсенал во клучен дуел

Хаверц ја промаши последната шанса во судиското продолжение.

ДРАМА ВО ПРЕМИЕР ЛИГА – Халанд го „потопи“ Арсенал во клучен дуел
Фото: Принтскрин

Манчестер Сити го совлада Арсенал со 2:1 на „Етихад“ во дербито од 33. коло на Премиер лигата, со што дополнително ја разгоре трката за титулата. „Граѓаните“ до триумфот стигнаа со головите на Рајан Черки и Ерлинг Халанд, додека за Арсенал погоди Каи Хаверц.

И покрај поразот, Арсенал останува лидер на табелата со 70 бодови, но сега има само три повеќе од Сити, кој има и натпревар помалку. Во случај на победа над Барнли во следното коло, Сити може да се израмни по бодови, а титулата би се решавала според гол-разликата.

Натпреварот започна во високо темпо, со шанси на двете страни уште во првите минути. Сити прв се закани преку Черки, кој погоди статива, а потоа и Халанд беше блиску до гол по грешка на голманот на Арсенал, Давид Раја.

Домашните поведоа во 16. минута преку одличен соло-продор на Черки, кој минa неколку дефанзивци и прецизно реализираше за 1:0. Сепак, радоста траеше кратко, бидејќи само две минути подоцна Каи Хаверц искористи несигурност на одбраната на Сити и израмни на 1:1.

Во второто полувреме Сити повторно притисна. Халанд имаше шанса веднаш на стартот, а Арсенал пропушти голема можност преку Хаверц, чиишто удар беше одбранет од Донарума. Малку подоцна Еберечи Езе погоди статива.

Пресудниот момент се случи во 65. минута, кога по брза акција и асистенција на Донарума, Халанд погоди за 2:1. Арсенал се обидуваше да се врати во игра, но повторно немаше среќа – Габриел погоди статива по прекин, а во завршницата Хаверц ја пропушти последната голема шанса.

Натпреварот заврши во тензична атмосфера, а Сити освои клучни три бода во битката за шампионската титула.

CATEGORIES
Share This