ДРАМА ОКОЛУ ГРУЕВСКИ – Владата собира документи, СДСМ бара одговорност

Дали конечно ќе има разрешница за еден од најконтроверзните случаи?

ДРАМА ОКОЛУ ГРУЕВСКИ – Владата собира документи, СДСМ бара одговорност
Фото: Принтскрин

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека ставот на Владата за владеењето на правото останува непроменет, осврнувајќи се на актуелните реакции поврзани со статусот на Никола Груевски. Тој нагласи дека секој што се соочува со правосудните органи има загарантирани права согласно законите.

Од Министерството за правда информираа дека во случајот со Груевски се преземаат сите неопходни чекори за комплетирање на документацијата и нејзино процесирање во рамки на законските процедури. Оттаму посочуваат дека постапуваат исклучиво според домашното законодавство и меѓународните договори, во координација со надлежните институции во Унгарија.

„Министерството нема надлежност да ги преиспитува правосилните судски одлуки, туку е должно да постапува по нив. Сите активности се одвиваат низ институционален процес, без влијание на политички изјави“, наведуваат од ресорното министерство.

Во меѓувреме, од СДСМ остро реагираа на јавните настапи на Груевски, кој се наоѓа во Унгарија. Портпаролката Богданка Кузеска порача дека тој мора да се соочи со правдата, обвинувајќи дека се обидува да влијае врз институциите. Кузеска упати критики и кон владејачката партија, оценувајќи дека постои континуитет на, како што рече, стари практики на политичко влијание врз институциите. Според неа, државата мора да продолжи по европскиот пат, со независни институции и без селективна правда.

Од друга страна, Груевски преку објава на социјалните мрежи му се обрати на министерот за правда, повикувајќи го наместо иницирање постапка за екстрадиција, да ги истражи, како што тврди, злоупотребите и неправдите во судските процеси против него.

ГРУЕВСКИ БАРА ИСТРАГА – Време е да се открие целата вистина

CATEGORIES
TAGS
Share This