НАЈНИСКИ ЦЕНИ ВО ЕВРОПА – Странци масовно доаѓаат да точат гориво во Македонија

Полнење резервоар во Македонија станува најисплатливо во регионот.

НАЈНИСКИ ЦЕНИ ВО ЕВРОПА – Странци масовно доаѓаат да точат гориво во Македонија
Фото: Национал

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека Владата ќе продолжи со мерките за одржување на животниот стандард преку намалени акцизи за бензин и дизел, како и повластена стапка на ДДВ за бензините. Тој нагласи дека засега не се предвидува дополнително намалување на ДДВ за дизел горивото, но истакна дека Македонија е меѓу водечките земји во Европа според обемот на вакви мерки во однос на БДП, повикувајќи се на податоци од ММФ.

Според него, политиките во енергетскиот сектор ја позиционирале државата како регионален центар, каде граѓани од соседните земји доаѓаат да точат гориво, што придонесува за зголемен промет на домашните бензински пумпи.

„Како држава сме фактор на стабилност и продолжуваме со политика која ќе значи подобар стандард за граѓаните. Остануваме на намалените акцизи за бензините и дизелот, на намаленото ДДВ за бензините и на убедливо најниските цени на бензините и дизелот во регионот“, изјави Мицкоски.

CATEGORIES
Share This