ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИ Зборот е збор, тука нема мрдање

Премиерот порача дека нема намера да го менува договорот со коалицискиот партнер по локалните избори во Брвеница и дека договореното при формирањето на Владата ќе важи до редовните парламентарни избори во 2028 година.

ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИ Зборот е збор, тука нема мрдање
Фото: Принтскрин

Премиерот Христијан Мицкоски категорично ги отфрли шпекулациите дека коалицијата ВЛЕН би можела да остане без дел од функционерските места по локалните избори во Брвеница. Мицкоски порача дека коалицискиот договор е јасен и дека нема намера да отстапи од дадениот збор, нагласувајќи дека политичките договори не треба да зависат од дневнополитичките калкулации или надворешните влијанија.

„Во животот важен е зборот и нема ништо поважно од зборот. Зборот ве прави да го сочувате вашиот образ. Или го имате, или го немате. Јас, во принцип, кога ќе се договорам, кога ќе дадам збор, тој збор е збор! И тука нема мрдање лево ни десно, ниту пак какви било надворешни влијанија можат тој збор да го поместат“, изјави Мицкоски.

Тој потенцираше дека прашањето не е прашање на политичка математика, туку на принципи и на договорот постигнат при формирањето на владината коалиција во јуни 2024 година.

„Ова не е прашање на математика, туку е прашање на суштина којашто е договорена уште при формирање на владината коалиција во јуни 2024 и апсолутно немам намера да бидам жртва на каква било дневна политика. Зборот е даден, до 2028 година кога ќе бидат редовните парламентарни избори“, порача премиерот.

Со ова Мицкоски јасно стави до знаење дека договорената распределба на функционерските места во владината коалиција останува на сила до следните редовни парламентарни избори.

CATEGORIES
Share This