ДЕВИЗНИТЕ РЕЗЕРВИ НАД 5 МИЛИЈАРДИ ЕВРА Македонија со силен раст за само еден месец

Девизните резерви на крајот на јули достигнаа 5,011 милијарди евра, откако само за еден месец пораснаа за 74,4 милиони евра

ДЕВИЗНИТЕ РЕЗЕРВИ НАД 5 МИЛИЈАРДИ ЕВРА Македонија со силен раст за само еден месец
Фото: Принтскрин

Девизните резерви на Северна Македонија во текот на јули се зголемиле за 74,4 милиони евра и на крајот од месецот достигнале 5,011 милијарди евра, покажуваат најновите податоци на Народната банка.

Најголем дел од резервите, односно 71,1 отсто, се пласирани во хартии од вредност. Монетарното злато учествува со 15,6 отсто, додека 13,2 отсто од девизните резерви се чуваат во валути и депозити.

Растот е забележителен и на годишно ниво. Во споредба со јули 2025 година, девизните резерви се зголемиле за 341,1 милион евра, или за 7,3 отсто. Пред една година тие изнесувале 4,6699 милијарди евра.

Со девизните резерви управува Народната банка, а нивното основно значење е одржување на стабилноста на девизниот курс и финансискиот систем. Тие овозможуваат интервенции на девизниот пазар, покривање на потребите поврзани со платниот биланс и редовно сервисирање на надворешниот јавен долг.

Воедно, високото ниво на девизни резерви претставува важен заштитен механизам за економијата во услови на можни надворешни економски шокови.

CATEGORIES
Share This