ДЕЛ ОД СКОПЈЕ УТРЕ БЕЗ ВОДА Прекинот почнува во 9 часот, еве каде
Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ ќе вршат промена на вентил на улицата „Коце Металец“, поради што дел од жителите ќе останат без вода до завршување на работните активности.

Фото: Принтскрин
ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека во вторник, 3 ноември 2026 година, поради промена на вентил со профил Ф-1 на улицата „Коце Металец“ број 6, ќе има прекин во водоснабдувањето.
Без вода ќе останат корисниците од дел од истата улица.
Прекинот на водоснабдувањето ќе започне во 09:00 часот и ќе трае до завршување на работните активности, информираат од скопски Водовод.
CATEGORIES Македонија

