АРГЕНТИНА ВОВЕДУВА ДРЖАВЈАНСТВО ПРЕКУ ИНВЕСТИЦИИ Потребни 350.000 долари
За аргентински пасош инвеститорите ќе треба да издвојат најмалку 350.000 долари, а програмата стартува кон крајот на 2026 година.

Фото: Принтскрин
Аргентина ќе овозможи стекнување државјанство преку инвестиции, а програмата ќе стартува во четвртиот квартал од 2026 година.
Министерот за економија Луис Капуто објави дека странските инвеститори ќе можат да аплицираат за државјанство со неповратен придонес од 350.000 долари, или преку купување државни обврзници во вредност од 800.000 долари.
Капуто на платформата X соопшти дека програмата ќе го носи името „Државјанство преку инвестиции“.
Според соопштението, мерката е дел од поширокиот процес на економско отворање и меѓународна интеграција на Аргентина. Информацијата ја пренесува Ројтерс.
CATEGORIES Свет

