ПОРАНЕШНАТА СОПРУГА НА ЖЕРАР ДЕПАРДЈЕ ЗАСТАНА ВО НЕГОВА ОДБРАНА „Повеќе се плашам дека може да си го одземе животот“

Депардје беше осуден во мај 2025 година на 18 месеци условна затворска казна. Со повлекувањето на жалбата, пресудата стана правосилна.

ПОРАНЕШНАТА СОПРУГА НА ЖЕРАР ДЕПАРДЈЕ ЗАСТАНА ВО НЕГОВА ОДБРАНА „Повеќе се плашам дека може да си го одземе животот“

Поранешната сопруга на францускиот актер Жерар Депардје, Елизабет Депардје, јавно застана во негова одбрана откако актерот ја повлече жалбата на пресудата за сексуален напад врз две жени за време на снимањето на филмот „Зелените ролетни“.

Таа оцени дека неговото однесување било непромислено и претерано, но верува дека јавното извинување на актерот било искрено.

Депардје беше осуден во мај 2025 година на 18 месеци условна затворска казна. Со повлекувањето на жалбата, пресудата стана правосилна.

Елизабет изјави дека повеќе од можноста нејзиниот поранешен сопруг да заврши во затвор, се плаши дека би можел да си го одземе животот.

Во меѓувреме, актерот се соочува и со можен судски процес по обвиненијата за силување и сексуален напад врз актерката Шарлот Арнул.

CATEGORIES
Share This