КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА ПОВТОРНО ТРГНУВА ВО БИТКА ЗА АЛТА БАНКА БИТОЛА Ќе учествува на аукцијата за продажба на 95,3 отсто од акциите
Доколку акциите не се продадат на првата аукција, следните ќе се одржат од 1 до 7 декември, при што почетната цена ќе се намалува за 10 отсто на секоја наредна аукција.

Комерцијална банка Скопје донесе одлука да учествува на јавната берзанска аукција за продажба на 95,336 отсто од акциите на Алта банка Битола, поранешна Стопанска банка Битола.
Аукцијата ќе се одржи на 30 ноември 2026 година, со почетна цена од 3.777 денари по акција. Продажбата е по принципот „сè или ништо“, што значи дека купувачот мора да го преземе целиот пакет од 372.742 акции.
Ова е втор обид на Комерцијална банка за преземање на битолската банка, откако претходната понуда во 2024 година не успеа да обезбеди доволна поддршка од акционерите.
CATEGORIES Бизнис

