АКЦИЈА НА СВР ТЕТОВО – На Попова Шапка откриена кражба на струја вредна над 1,3 милиони денари
Преземени мерки против сторителите на злоупотребата и изготвена фактура за надомест на штетата.

Фото: Принтскрин
Во соработка со СВР Тетово, екипите на Електродистрибуција од Корисничкиот енерго центар Тетово откриле неовластено користење на електрична енергија во деловен објект на Попова Шапка, информираат од компанијата.
Како што соопштува Електродистрибуција, утврдено е незаконско приклучување на мрежата преку кабловски разводен ормар и директно поврзување со нисконапонски кабел (4×16 mm²).
Од таму додаваат дека се преземени соодветни мерки и дека е изготвена фактура за надомест на штета во висина од 1.361.599,00 денари.
CATEGORIES Бизнис
