ГОЛЕМА ПОЛИТИЧКА ПРОМЕНА – Собранието на чекор до укинување на техничката влада

Новата рамка треба да гарантира фер и транспарентен изборен процес.

ГОЛЕМА ПОЛИТИЧКА ПРОМЕНА – Собранието на чекор до укинување на техничката влада
Фото: Национал

На дневниот ред на 98. седница на Собранието на Македонија се разгледуваат повеќе точки, меѓу кои и предлог-измените на Законот за Владата на Република Македонија, кои се носат по скратена постапка.

Со предложените измени се предвидува создавање услови за отстранување на причините поради кои беше воведен моделот на преодна, односно техничка влада.

Според образложението на предлагачот – Владата, законското решение со одложена примена има цел да обезбеди поголема стабилност, правна сигурност и заштита на јавниот интерес. Воедно се нагласува и заокружување на започнатите реформи.

Како што се наведува, целта е и рационално и одговорно користење на јавните средства, јакнење на институционалната стабилност и обезбедување целосен демократски легитимитет на Владата како носител на извршната власт избрана од Собранието.

Со новата правна рамка треба да се гарантираат фер и транспарентни избори преку институциите основани со Уставот и законите, како и да се укинат привремените решенија воспоставени со политички договори во минатото.

CATEGORIES
TAGS
Share This