АЈВАРКАТА“ ГИ КРЕНА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ НА НОЗЕ Повторно протест во Струмичко
Производителите велат дека актуелната откупна цена не ги покрива ниту трошоците за производство и бараат повисока цена.

Земјоделците од Струмичко и денеска излегоа на протест поради незадоволството од откупната цена на црвената пиперка „ајварка“.
Производителите бараат зголемување на цената, посочувајќи дека актуелниот откуп не ги покрива трошоците за производство и вложувањата направени во текот на сезоната.
Со транспаренти тие упатија пораки до откупувачите и трговците, изразувајќи револт поради состојбата на пазарот. Велат дека ниските цени го загрозуваат производството и приходите на земјоделските семејства.
„Ајварката“ е една од главните земјоделски култури во Струмичкиот Регион, а актуелниот период на откуп е клучен за заработката на производителите.
Денешниот протест е продолжение на реакциите на струмичките земјоделци, кои подолг период бараат подобри услови и повисока откупна цена за својот род.
View this post on Instagram

