КИНЕСКИОТ ЅИД Е ТЕХНОЛОШКИ ПОДВИГ древен џин направен и од камен и од леплив ориз
Кинескиот ѕид е едно од највеличествените човечки достигнувања, не само поради својата големина и историја, туку и поради необичниот градежен материјал кој придонел за неговата издржливост – лепливиот ориз.

Иако изградбата започнала околу 220 година пр.н.е., најцврстите делови на ѕидот потекнуваат од времето на династијата Минг (1368–1644), кои и денес се најдобро сочувани. За разлика од популарното верување, ѕидот не е една непрекината структура, туку сложена мрежа од ѕидини, кули и порти со празнини помеѓу нив. Според официјалните податоци, неговата должина изнесува околу 21.200 километри, но постојат и различни процени.
Научниците откриле дека токму лепливиот ориз, измешан со вар, бил клучен во цементната смеса која ја правела конструкцијата цврста и отпорна на временските влијанија – технолошки подвиг со вековна издржливост.
Но зад монументалноста се кријат и трагични човечки судбини. Околу 400.000 работници загинале при изградбата, многумина од нив погребани во самите темели, поради што Кинескиот ѕид често се нарекува и „најдолгите гробишта на светот“.
За време на Културната револуција, делови од ѕидот биле уништувани, а материјалот користен за изградба на куќи – уште едно сведоштво за бурната историја на ова светско чудо.


