(ВИДЕО) ДРАМА ПО БИТКАТА – Симеоне турка и удира противнички играч

Камерите снимија напната сцена меѓу Симеоне и Бен Вајт

(ВИДЕО) ДРАМА ПО БИТКАТА – Симеоне турка и удира противнички играч
Фото: Принтскрин

Диего Симеоне, тренерот на Атлетико Мадрид, наводно бил инволвиран во инцидент со дефанзивецот на Арсенал, Бен Вајт, по завршувањето на полуфиналниот натпревар од Лигата на шампионите кој заврши 1-1 на стадионот „Ванда Метрополитано“.

Според извештаи на шпанските медиуми, инцидентот се случил на патот кон тунелот, кога Симеоне реагирал поради тоа што Вајт поминал преку дел од теренот каде што е поставен симболичен грб на Атлетико, кој во Шпанија се смета за знак на голема почит. На видео-снимка објавена од „Марка“, се гледа како тренерот во афект го допира и турка играчот на Арсенал, по што следела кратка вербална расправија.

Вајт, според истите извори, реагирал со зборови кон Симеоне, по што интервенирало обезбедувањето и ситуацијата била смирена, а фудбалерот продолжил кон соблекувалната.

Шпанскиот весник „АС“ наведува и дека во инцидентот бил вмешан и Џулијано Симеоне, синот на тренерот и фудбалер на Атлетико, иако деталите за неговата улога се разликуваат во извештаите.

Натпреварот инаку беше исполнет со тензија и силни емоции, а двата гола беа постигнати од пенал. Арсенал прв поведе преку Виктор Ѓокереш, кој и сам го реализираше ударот од белата точка, додека Атлетико израмни преку Хулијан Алварез, исто така од пенал по игра со рака.

Во текот на мечот имаше и контроверзна ситуација со потенцијален пенал за Арсенал, кој првично бил досуден, но по интервенција на ВАР одлуката била поништена.

CATEGORIES
Share This