ДРАМАТИЧЕН ПРЕСВРТ – Не ни треба одобрение од Конгресот за војна

Американскиот министер за одбрана тврди дека примирјето ја менува правната рамка за воени овластувања.

ДРАМАТИЧЕН ПРЕСВРТ – Не ни треба одобрение од Конгресот за војна
Фото: Принтскрин

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјави дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп не мора да бара одобрение од Конгресот за евентуално продолжување на воените активности против Иран, повикувајќи се на специфични околности поврзани со тековното примирје.

Говорејќи пред Комитетот за вооружени сили на Сенатот, Хегсет објасни дека поради примирјето кое стапи на сила на 8 април, рокот од 60 дена предвиден со Резолуција за воени овластувања од 1973 година е практично „паузиран“. Според него, тоа ѝ дава простор на администрацијата да не бара веднаш формално одобрување од Конгресот.

„На крајот, би се потпрел на Белата куќа и нејзиниот правен совет во однос на ова прашање. Во моментов сме во примирје, што значи дека 60-дневниот рок е запрен или одложен“, рече Хегсет.

Инаку, оваа резолуција предвидува дека администрацијата има рок од 60 дена од известувањето до Конгресот да ја прекине воената операција или да обезбеди одобрение за нејзино продолжување. Според тековната временска рамка, овој рок за евентуалниот конфликт со Иран истекува на крајот од неделата.

Сепак, Хегсет нагласи дека поради важечкото примирје и покрај тоа што продолжува поморската блокада, администрацијата во овој момент не гледа потреба од ново конгресно одобрување.

CATEGORIES
Share This