НЕМА МАРШ ОВАА САБОТА – Но организаторите праќаат силна порака

Организаторите најавуваат кратка пауза поради празникот, но порачуваат дека борбата продолжува без компромис.

НЕМА МАРШ ОВАА САБОТА – Но организаторите праќаат силна порака
Фото: Национал

Традиционалниот протестен марш „Маршот на ангелите“, најавен за оваа сабота, е одложен поради празникот 1 Мај и продолжениот викенд. Организаторите соопштија дека станува збор за кратка пауза, нагласувајќи дека нивната борба за правда продолжува без прекин.

Иако маршот нема да се одржи оваа недела, тие испратија јасна порака до јавноста:

„Не застануваме. Не молчиме. И нема да се откажеме.“

Активностите ќе продолжат веднаш по празниците, а следниот марш е закажан за 9 мај. Организаторите најавуваат уште поголема масовност и повторно ја потенцираат својата главна порака:

„Правда мора да има!!“.

„Маршот на ангелите“ останува симбол на граѓанската борба за одговорност и праведен исход на настаните кои се во фокусот на протестите.

CATEGORIES
TAGS
Share This