ГОЛЕМО РАКОМЕТНО ДЕРБИ БЕЗ ПУБЛИКА Вардар 1961 и Алкалоид ќе играат во малата сала во „Јане Сандански“, влез ќе имаат само сезонските претплатници и „Комити“
Поради зафатеност на спортските објекти во Скопје, дербито нема да може да се одигра во големата сала. Во „Јане Сандански“ ќе има кикбокс-турнир, „Борис Трајковски“ е зафатен поради Саемот на книгата, а во „Расадник“ ќе се одржува боксерски турнир.

Натпреварот меѓу Вардар 1961 и Алкалоид, кој ќе го одбележи десеттото коло во ракометната Суперлига, на 14 ноември ќе се одигра во малата сала во СЦ „Јане Сандански“, со ограничен пристап за гледачите.
Поради зафатеност на спортските објекти во Скопје, дербито нема да може да се одигра во големата сала. Во „Јане Сандански“ ќе има кикбокс-турнир, „Борис Трајковски“ е зафатен поради Саемот на книгата, а во „Расадник“ ќе се одржува боксерски турнир.
Поради малиот капацитет, натпреварот ќе можат да го следат само сопствениците на сезонски билети со пластична картичка и членовите на навивачката група „Комити“.
Од Вардар информираат дека направиле напори да обезбедат соодветна сала и термин, но предложеното поместување на натпреварот не било прифатено поради густиот распоред на Алкалоид.
Клубот изрази жалење што нема да може да ги пречека сите навивачи и им се заблагодари за разбирањето и поддршката.

