ИНЦИДЕНТ ВО ТЕТОВО Малолетничка од Косово тешко повредена откако во неа удрил електричен тротинет, лицето што го управувало избегало
Малолетничката била пренесена во Ургентниот центар во Тетово, каде што лекарите ѝ констатирале тешки телесни повреди.

Седумнаесетгодишна девојка од Косово е тешко повредена откако во неа удрил електричен тротинет на булеварот „Илинденска“ во Тетово. Лицето кое го управувало тротинетот по ударот го напуштило местото на настанот.
Случајот бил пријавен на 9 ноември 2026 година, во 11:45 часот, во СВР Тетово.
Малолетничката била пренесена во Ургентниот центар во Тетово, каде што лекарите ѝ констатирале тешки телесни повреди.
Полицијата извршила увид на местото и презема мерки за пронаоѓање на лицето кое го управувало тротинетот, како и за целосно расчистување на случајот.
CATEGORIES Македонија

