ХРВАТСКА ПРОГЛАСИ ДЕН НА НАЦИОНАЛНО СОЧУВСТВО Земјата се простува од легендарниот пејач!

Владата одлучи 3 ноември да биде ден на оддавање почит на Мате Миша Ковач. Хрватските знамиња ќе бидат спуштени на половина копје низ целата земја.

ХРВАТСКА ПРОГЛАСИ ДЕН НА НАЦИОНАЛНО СОЧУВСТВО Земјата се простува од легендарниот пејач!
Фото: Принтскрин

Вторник, 3 ноември, е прогласен за Ден на национално сочувство во Хрватска, по повод смртта на познатиот хрватски пејач Мате Миша Ковач. Одлуката ја донесе Владата на телефонска седница.

Во рамките на одбележувањето, хрватското знаме ќе биде спуштено на половина копје на зградите на државните институции, локалната и регионалната самоуправа, како и на објектите на правните лица и самостојните вршители на дејност.

За разлика од Денот на жалост, Денот на национално сочувство не подразбира откажување на претходно планираните културни и забавни настани, концерти или промени во радио и телевизиските програми.

На овој начин Хрватска ќе му оддаде почит на еден од најпознатите музички изведувачи во својата историја.

ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНИОТ МИШО КОВАЧ Живот исполнет со музика, но и трагедија што никогаш не ја преболе

CATEGORIES
Share This