НЕ НИ ДАВААТ ДА СТИГНЕМЕ ДО СУДОВИТЕ Професионалните војници со протестен ултиматум до Владата

Стотици тужби за трансформација на работниот однос од определено на неопределено време со месеци чекаат да стигнат до граѓанските судови.

НЕ НИ ДАВААТ ДА СТИГНЕМЕ ДО СУДОВИТЕ Професионалните војници со протестен ултиматум до Владата
Фото: Принтскрин

Во денешното соопштение на Синдикатот на професионалните војници се вели дека професионалните војници имаат поднесеноа стотици тужби против министерството за одбрана за трансформирање на работниот однос од определено на неопределено време врз основа на утврдената индиректна дискриминација од страна на министерството за одбрана врз сите професионални војници.

Министерството за одбрана во корелација со Државното правобранителство ги опструираат овие тужби да дојдат до граѓанските судови за да можат професионалните војници да добијат рочишта и да си ги остварат своите права по судски пат.

Министерството за одбрана водено од Владо Мисајловски отиде еден чекор понапред во неговата лична борба против војниците, со цел да не добијат професионалните војници тоа што им следува.

МО заедно со ДП се институционална кочница на правдата на професионалните војници.

Затоа еве поминаа повеќе од 10 дена и нема одговор од Државниот правобранител г-дин Беким Емини на прашањето Зошто овие тужби се уште чекаат со месеци во ДП , и не се пуштаат до граѓанските судови.

ЦЕлта и намерата е очигледна …. Професионалните војници да не ја добијат битката против МО за своите права и правото на пензија.

Затоа професионалните војници својот збор ќе го кажат на протестот на 7 ноември пред владата на Република Македонија !!!

CATEGORIES
Share This