БОЖИНОВСКА ОТКРИ ШТО ЌЕ СЕ СЛУЧУВА СО ЦЕНАТА ЗА СТРУЈАТА Што нè чека по Нова година

Домашниот енергетски систем е стабилен и има доволно енергенси, но се следат движењата на светските пазари. МЕПСО бара повисока тарифа за пренос, а ЕСМ ги пресметува трошоците за струјата што ќе ја понуди на ЕВН Хоум.

БОЖИНОВСКА ОТКРИ ШТО ЌЕ СЕ СЛУЧУВА СО ЦЕНАТА ЗА СТРУЈАТА Што нè чека по Нова година
Фото: Принтскрин

Домашниот енергетски систем е стабилен и подготвен да ги задоволи потребите на граѓаните и стопанството, а снабдувањето со енергенси е обезбедено. Ова го уверува министерката за енергетика, Сања Божиновска, нагласувајќи дека институциите внимателно ја следат состојбата на светските енергетски пазари.

Во однос на цената на електричната енергија, Божиновска посочува дека државата ќе ги преземе потребните мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните.

Цената на електричната енергија за домаќинствата до крајот на годината ќе остане непроменета. Сепак, прашањето за цената во наредниот период ќе зависи и од пресметките на енергетските компании, како и од состојбите на пазарот.

МЕПСО веќе побара зголемување на тарифата за пренос на електрична енергија, додека ЕСМ ги подготвува пресметките за цената по која ќе ја продава струјата на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум.

Во моментов, ЕСМ ја продава електричната енергија на ЕВН Хоум по цена од 65 евра за мегават-час. Новата понуда треба да биде позната до средината на ноември.

Таа ќе биде важна за понатамошните пресметки поврзани со снабдувањето на домаќинствата, но конечната цена на струјата за граѓаните не треба да се изедначува автоматски со цената по која ЕСМ му ја продава електричната енергија на универзалниот снабдувач.

Засега, пораката од Министерството за енергетика е дека снабдувањето е стабилно, а надлежните ќе продолжат да ги следат состојбите за да се ублажат можните последици од промените на меѓународните пазари.

ЖЕСТОК СУДИР ВО СОБРАНИЕТО Пропадна обидот за смена на Сања Божиновска, мнозинството застана зад министерката

CATEGORIES
Share This