85 НОВИ МОЖНОСТИ ЗА РОМИТЕ – ДПР ги повика сите да аплицираат

МОН отвора ангажмани за ромски образовни медијатори во 36 општини, со месечен хонорар од 20.000 денари.

85 НОВИ МОЖНОСТИ ЗА РОМИТЕ – ДПР ги повика сите да аплицираат
Фото: Национал

Демократската партија на Ромите ја поздравува одлуката на Министерството за образование и наука за ангажирање на 85 ромски образовни медијатори во учебната 2026/2027 година.

Од нив, 50 медијатори ќе бидат ангажирани во основното, а 35 во средното образование, со месечен хонорар од 20.000 денари.

Медијаторите во основното образование ќе бидат ангажирани во Шуто Оризари, Карпош, Ѓорче Петров, Чаир, Центар, Кисела Вода, Аеродром, Гази Баба, Бутел, Тетово, Гостивар, Кичево, Дебар, Битола, Прилеп, Куманово, Штип, Кочани, Виница, Делчево, Берово, Велес/Градско, Кавадарци, Крива Паланка, Охрид, Неготино, Илинден и Радовиш.

Во средното образование се предвидени медијатори во Скопје, Тетово, Гостивар, Кичево, Дебар, Битола, Прилеп, Куманово, Штип, Кочани, Виница, Делчево, Берово, Охрид, Струга, Велес, Неготино и Кавадарци.

ДПР смета дека ова е значаен чекор за поддршка на ромските ученици и подобрување на нивното образование. Ги охрабруваме сите заинтересирани Роми да аплицираат и да ја искористат можноста за работен ангажман и придонес кон образованието на ромските деца.

ДПР го поздравува ангажманот на МОН и Владата за конкретни мерки што отвораат можности за ромската заедница и ќе продолжи да се залага за еднакви можности, подобро образование и поголема вклученост на Ромите.

САКИПОВ: ДПР СО НОВА ЕНЕРГИЈА ТРГНУВА НА ТЕРЕН Гласот на Ромите мора да се слушне

CATEGORIES
Share This