ФОН ДЕР ЛАЈЕН ДОАЃА ВО СКОПЈЕ – ЕУ со нова порака до Македонија

Претседателката на Европската комисија ќе ги посети Албанија, Косово, Црна Гора и Македонија, со фокус на евроинтеграциите и Планот за раст.

ФОН ДЕР ЛАЈЕН ДОАЃА ВО СКОПЈЕ – ЕУ со нова порака до Македонија
Фото: Принтскрин

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, оваа недела ќе престојува во Западен Балкан, во рамки на турнејата што ќе ги опфати Албанија, Косово, Црна Гора и Македонија.

Според агендата на Европската комисија, посетата ќе започне во среда, 30 септември, во Тирана, каде што Фон дер Лајен ќе разговара со највисоките државни претставници.

На 1 октомври таа ќе отпатува во Приштина, каде што се предвидени одделни средби со в.д. претседателката Албулена Хаџиу и премиерот Албин Курти. Истиот ден ќе престојува и во Подгорица, каде што ќе разговара со црногорските претставници за процесот на европска интеграција.

Турнејата ќе заврши на 2 октомври во Скопје, со средби со државниот врв на Македонија.

ЕУ интеграцијата во фокусот

Како што соопштува Европската комисија, во фокусот на разговорите ќе бидат следните чекори на земјите од Западен Балкан кон членство во ЕУ, како и постепеното интегрирање на регионот во европските структури.

Важна тема ќе биде и Планот за раст за Западен Балкан, преку кој ЕУ има за цел да го поддржи економскиот развој и постепеното приближување на земјите од регионот кон европскиот пазар.

Шеста посета на регионот

Ова ќе биде шеста турнеја на Фон дер Лајен во земјите од Западен Балкан. За време на посетите, таа се очекува да посети и проекти финансирани со средства од Европската Унија.

„ЕУ не е целосна без Западен Балкан“, изјави Фон дер Лајен на Самитот на ЕУ за Западен Балкан во јуни, нагласувајќи ја важноста што Европската комисија му ја придава на процесот на проширување.

Посетата доаѓа во период на интензивирање на напорите за приближување на земјите од регионот кон ЕУ, со фокус на реформите и исполнувањето на условите во процесот на европска интеграција.

ФОН ДЕР ЛАЈЕН НА БАЛКАНОТ – Македонија последна станица пред изборите

CATEGORIES
Share This