КИМ МУ ВЕТИ НА ПУТИН Ќе бидам со вас до победата

Севернокорејскиот лидер порача дека цврсто верува во победата на Русија и дека Пјонгјанг непоколебливо ќе го поддржува Москва и рускиот народ.

КИМ МУ ВЕТИ НА ПУТИН Ќе бидам со вас до победата
Фото: Принтскрин

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун денеска изрази цврста поддршка за рускиот претседател Владимир Путин и рускиот народ, истовремено уверувајќи дека верува во победа на Русија во конфликтот во Украина, кој Москва го нарекува „специјална воена операција“.

Во порака упатена до Путин, Ким порача дека е „цврсто убеден“ во победата на Руската Федерација во, како што ја опиша, „светата војна“ за одбрана на безбедносните интереси на земјата и меѓународната правда.

„Ветувам дека непоколебливо ќе ве поддржувам вас и братскиот руски народ“, порача севернокорејскиот лидер, според информациите објавени од Корејската централна телеграфска агенција (KCNA), а пренесени од „Спутник“.

Ким истакна дека односите меѓу Северна Кореја и Русија дополнително се зајакнуваат, нагласувајќи дека двете земји ја продлабочуваат меѓусебната доверба и солидарност.

Според него, Пјонгјанг и Москва заеднички ја бранат „правдата и мирот“, а актуелната соработка отвора нови страници во историјата на нивниот сојуз.

Изјавата на Ким доаѓа во период на продлабочување на стратешките односи меѓу Северна Кореја и Русија, со што Пјонгјанг уште еднаш јавно ја потврдува својата поддршка за Москва.

CATEGORIES
TAGS
Share This