САД ОТКРИВААТ За првпат признаа дека имаат оружје во орбитата

Вашингтон тврди дека е потребно за заштита од непријателски дејствија, но не открива какво оружје е распоредено и кога е поставено.

САД ОТКРИВААТ За првпат признаа дека имаат оружје во орбитата
Фото: Принтскин

Соединетите Американски Држави за првпат јавно потврдија дека имаат распоредено оружје во Земјината орбита, образложувајќи дека станува збор за мерка за заштита на американските воени сили од потенцијални непријателски дејствија.

Како што објави Би-Би-Си, секретарот на американските воздухопловни сили, Трој Мајнке, на Конференцијата за воздухопловство, вселена и киберпростор изјавил дека американското оружје „во орбитата“ претставува дел од одговорот на Вашингтон на она што тој го опиша како „развојни закани“.

Мајнке, сепак, не откри каков тип оружје или воени капацитети се распоредени во вселената, ниту кога тие биле поставени во орбитата.

Американските воени претставници и претходно најавуваа значително зајакнување на воените капацитети во вселената. Како главни причини ги посочуваат програмите на Русија и Кина за развој на технологии способни да ги напаѓаат, попречуваат или онеспособат американските сателити.

Официјалната потврда отвора ново поглавје во натпреварот меѓу големите сили за воена доминација во вселената, каде сателитите и другите орбитални системи имаат сè поголемо стратешко значење.

CATEGORIES
Share This