ОБЈАВЕНИ РЕЗУЛТАТИТЕ Кои студенти добија место во студентските домови

Дел од студентите од „Гоце Делчев“ и „Браќа Миладиновци“ се прераспределени во други домови поради ограничениот капацитет.

ОБЈАВЕНИ РЕЗУЛТАТИТЕ Кои студенти добија место во студентските домови
Фото: Национал

Министерството за образование и наука ги објави ранг-листите на студентите на додипломски студии кои се примени за сместување во студентските домови за студиската 2026/2027 година.

Поради ограничениот капацитет во ДСД „Гоце Делчев“ во Скопје, дел од кандидатите кои аплицирале за сместување во овој дом се прераспределени во зградите на ДСД „Стив Наумов“. Прераспределбата е направена и за кандидати кои при аплицирањето не навеле алтернативен дом.

Прераспределување има и во Штип. Дел од студентите примени во ДСД „Браќа Миладиновци“ се распоредени во приватните студентски домови ПСД „Логос“ и ПСД „Хилјадников“, согласно алтернативите наведени во пријавите.

Комплетните ранг-листи се објавени на официјалната интернет-страница на Министерството за образование и наука, по студентски домови и категории.

Објавени се списоците за:

  • ДСД „Стив Наумов“ – згради, Скопје
  • ДСД „Стив Наумов“ – бараки, Скопје
  • ДСД „Гоце Делчев“ – Скопје
  • Прераспределени од „Гоце Делчев“ без наведена алтернатива во „Стив Наумов“ – згради
  • Прераспределени од „Гоце Делчев“ со наведена алтернатива во „Стив Наумов“ – згради
  • ДСД „Браќа Миладиновци“ – Штип
  • ДСД „Кочо Рацин“ – Битола
  • ДСД „Никола Карев“ – Охрид
  • ДСД „Тетово“ – Тетово
  • ПСД „Логос“ – Штип
  • ПСД „Хилјадников“ – Штип
  • Прераспределени од „Браќа Миладиновци“ во ПСД „Логос“
  • Прераспределени од „Браќа Миладиновци“ во ПСД „Хилјадников“

Студентите можат да ги проверат резултатите и распоредот на официјалната веб-страница на Министерството.

CATEGORIES
Share This