ДОБРА ВЕСТ ЗА ВОЗАЧИТЕ Дизелот ќе поевтини, Владата го сече ДДВ-то за 8 процентни поени

Мицкоски со конкретна најава: ДДВ-то за дизелот паѓа од 18 на 10 отсто, а новите цени треба да важат од утре.

ДОБРА ВЕСТ ЗА ВОЗАЧИТЕ Дизелот ќе поевтини, Владата го сече ДДВ-то за 8 процентни поени
Фото: Принтскрин

Владата денеска ќе донесе одлука за намалување на ДДВ-то за дизел-горивото од 18 на 10 отсто, со цел да се намали крајната цена што ја плаќаат граѓаните. Премиерот Христијан Мицкоски најави дека новите цени на горивата се очекуваат уште утре.

Мицкоски посочи дека Владата веќе презела мерки за ублажување на растот на цените на горивата, меѓу кои и намалување на акцизите за дизелот и безоловниот бензин.

„Денеска ќе го намалиме ДДВ за дизелот од 18 на 10 отсто и очекуваме да има намалување на цената на дизел-горивото“, изјави премиерот.

Тој нагласи дека намалувањето на данокот ќе има финансиски последици врз државниот Буџет, но, како што рече, приоритет на Владата е заштитата на животниот стандард на граѓаните во услови на голема светска енергетска криза.

Премиерот додаде дека цените на горивата во Македонија и натаму се пониски во споредба со дел од соседните земји.

Од Владата најавуваат дека ќе продолжат да преземаат мерки за ублажување на последиците од енергетската криза и ограничување на притисокот врз граѓаните и економијата.

CATEGORIES
Share This