СВЕДОШТВО НИЗ СОЛЗИ Каси Вентура сведочеше против Шон Диди Комбс
Поранешната девојка на музичкиот могул Шон „Диди“ Комбс, пејачката и манекенка Касандра Каси Вентура, се расплака на суд додека сведочеше за сексуално и физичко насилство во нивната врска.

Таа зборуваше за чувството на срам поради учеството на сексуални забави, наречени „freak off“, кои ги организирал Комбс, при што изјави дека била силувана од него кон крајот на нивната врска.
Според сведочењето, Комбс ја уценувал со компромитирачки видеа, а во судницата биле прикажани експлицитни фотографии од тие настани. Вентура опиша еден случај во кој на фотографија позирала покриена со бебешко масло.
Таа откри и дека раперот бил насилен кога излегувала со други, вклучувајќи го и музичарот Кид Кади, чии автомобил наводно експлодирал во дворот во исто време.
Во 2023 година, Вентура поднесе тужба против Комбс, а случајот беше решен за 24 часа со исплата од 20 милиони фунти. На суд изјави дека претрпела тешки последици врз менталното и физичкото здравје, вклучувајќи уринарни инфекции и трауми, и дека на почетокот го задоволувала Комбс од љубов, но подоцна од страв.
Комбс се изјасни за невин. Неговите адвокати тврдат дека односите биле доброволни, иако признаваат дека имало насилство.


