БАЧЕВ: НА 30 СЕПТЕМВРИ 2018 ПЛАНОТ НЕ ИМ УСПЕА Ја добивме големата референдумска победа, но битката продолжува (фото)
Претседателот на Единствена Македонија, Јанко Бачев, се наврати на почетокот на референдумската кампања во 2018 година, кога на 8 Септември партијата пред Порта Македонија ја започна кампањата против референдумот закажан за 30 септември.

Фото: Принтскрин
Професорот и претседателот на Единствена Македонија, Јанко Бачев, се наврати на 8 Септември 2018 година, кога партијата пред Порта Македонија ја започна кампањата против референдумот закажан за 30 септември.
Бачев потсетува на тогашната политичка атмосфера, притисоците и силната меѓународна поддршка за референдумот, оценувајќи дека на 30 септември „планот не им успеал“.
Тој посочува дека и покрај референдумот, подоцна биле изгласани уставните измени и променето уставното име на државата.
„Останува горчливото чувство дека мисијата за Македонија и Македонците сè уште не е завршена. Битката продолжува!“, порача Бачев.
👉 Целата објава на Јанко Бачев прочитајте ја ТУКА.
CATEGORIES Македонија
TAGS Топ вест


