ВОЗАЧИТЕ, ВНИМАТЕЛНО Овие патишта се под ризик од одрони

АМСМ со предупредување за четири делници, сообраќајот генерално се одвива без проблеми.

ВОЗАЧИТЕ, ВНИМАТЕЛНО Овие патишта се под ризик од одрони
Фото: Национал

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено и по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е зголемен, додека на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ апелираат возачите да ја приспособат брзината, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да бидат особено внимателни на делниците каде постои можност од појава на одрони.

На дополнително внимание се посочуваат патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, особено поради условите на патиштата низ котлини, речни долини и клисури.

Во сила е и сезонскиот режим на сообраќај. Патниот правец Охрид – Ресен, преку Националниот парк „Галичица“, е отворен за сите видови возила до 3,5 тони.

CATEGORIES
Share This