СОНЧЕВО И ЖЕШКО, НО ПОПЛАДНЕ НЕСТАБИЛНОСТИ Температурите ќе достигнат до 35 степени
Стабилно и топло време во текот на денот, но попладне на места се очекуваат пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Фото: Национал
Денеска времето ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност и температури кои ќе се движат од 11 до 35 степени.
Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во попладневните часови локално ќе се развива нестабилна облачност, која ќе биде проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Максималната температура во главниот град ќе достигне околу 34 степени.
CATEGORIES Македонија

