300 МИЛИОНИ НЕ БИЛЕ ДРЖАВНИ ПАРИ Климовски откри од каде биле средствата за прославата

Директорот на Државна лотарија тврди дека станувало збор за нераспределена добивка на компанијата, а не за средства од државниот буџет.

300 МИЛИОНИ НЕ БИЛЕ ДРЖАВНИ ПАРИ Климовски откри од каде биле средствата за прославата
Фото: Принтскрин

Директорот на Државна лотарија, Александар Климовски, тврди дека 300 милиони денари обезбедени за прославата на независноста не биле средства од државниот буџет, туку пари на самото друштво од нераспределената добивка.

Климовски објаснува дека Државна лотарија е посебен правен субјект, додека Владата има улога на основач и единствен акционер.

„Државна лотарија е посебен правен субјект. Владата е основач и единствен акционер, односно Собрание на акционери и еден од врховните органи. Компанијата има двостепен систем на управување, со надзорен и управен одбор“, изјави Климовски.

Според него, средствата за прославата биле обезбедени согласно Законот за спонзорства и донации, а не преку постапка предвидена со Законот за јавни набавки.

„Станува збор за 300 милиони денари кои беа компаниски пари, нераспределена добивка. Компанијата е издвоена од Владата“, посочи директорот.

Климовски дополнително појаснува дека овие средства би станале буџетски дури откако органите на друштвото ќе донесат одлука нераспределената добивка да се исплати како дивиденда и ќе биде даден налог парите да се префрлат на трезорската сметка.

„Сè додека се во компанијата, тие се корпоративни пари“, нагласи Климовски.

CATEGORIES
Share This