КОЈ ЗАБОРАВИ ДА ГО ПОБАРА Прохор Пчињски можел да биде во Македонија
Бачев ја отвора децениската дилема: по Втората светска војна меѓурепубличките граници можеле да се менуваат – зошто тогаш никој не го побарал манастирот каде што е одржан АСНОМ?

Професорот и претседател на „Единствена Македонија“, Јанко Бачев, на фејсбук отвора едно старо, но сè уште актуелно историско прашање – дали по Втората светска војна, кога се утврдувале границите меѓу југословенските републики, Македонија можела да го побара манастирот „Прохор Пчињски“.
Бачев смета дека постоела таква можност, особено имајќи предвид дека во повоениот период имало случаи на корекција на меѓурепубличките граници. Како пример го посочува договорот меѓу Босна и Херцеговина и Црна Гора, со кој селата Крушево и Вучево биле издвоени од Црна Гора и приклучени кон БиХ.
Според него, македонскиот аргумент можел да биде историското значење на „Прохор Пчињски“, каде што на 2 август 1944 година било одржано Првото заседание на АСНОМ.
Оттука, Бачев го поставува клучното прашање: дали Белград би одбил едно такво барање или македонската страна никогаш сериозно не го поставила?
Целосната анализа и ставовите на Бачев можете да ги прочитате подоле на линкот:

