МИЦКОСКИ СО СИЛНА ПОРАКА ЗА ДЕНОТ НА АРМИЈАТА Таа е силата што стои зад сигурноста на државата
Премиерот изрази благодарност до сите активни припадници, старешини, војници и ветерани за нивната посветеност и служба на државата.

Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка по повод 18 Август – Денот на Армијата, при што изрази благодарност до сите активни припадници, старешини, војници и ветерани за нивната посветеност и придонес во служба на државата.
„Со чест и благодарност им оддаваме признание на сите наши војници, старешини и припадници кои со одговорност и достоинство ја извршуваат својата мисија, во служба на државата, нејзините граѓани и мирот“, порача Мицкоски.
Во честитката премиерот посочува дека Армијата не претставува само униформа, туку е симбол на чест, одговорност, дисциплина и посветеност.
„Таа е силата што стои зад сигурноста на државата и луѓето кои живеат во неа“, наведува Мицкоски.
Тој упати посебна благодарност и до ветераните, како и до сите припадници кои низ годините придонесувале во изградбата на силна и професионална Армија.
„Честит 18 Август, Денот на АРМ!“, порача премиерот.
Премиерот изрази благодарност до сите активни припадници, старешини, војници и ветерани за нивната посветеност и служба на државата.

