ОД ПОЛНОЌ НОВИ ЦЕНИ НА БЕНЗИНИТЕ Дизелот поевтинува дури 8 денари
Бензините поевтинуваат за 4 денари, а литар дизел од ноќеска ќе се продава за 91,5 денари.

Фото: Национал
Од полноќ бензините и дизелот ќе се продаваат по значително пониски цени, откако Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за намалување на малопродажните цени.
Бензините поевтинуваат за 4 денари по литар, додека дизелот ќе биде поевтин за 8 денари. Во просек, цените на нафтените деривати се намалуваат за 5,81 отсто.
Според новата одлука, максималните цени од полноќ ќе изнесуваат:
- ЕУРОСУПЕР БС-95 – 87 денари/литар
- ЕУРОСУПЕР БС-98 – 89 денари/литар
- ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 91,5 денари/литар
- ЕЛ-1 – 92,5 денари/литар
Екстра лесното масло за домаќинство поевтинува за 6 денари по литар.
Намалување има и кај мазутот М-1 НС, чија цена се намалува за 2,881 денари за килограм, па новата максимална малопродажна цена ќе изнесува 43,538 денари за килограм.
CATEGORIES Бизнис

