ПО ПОВОД 15 ГОДИНИ АКВА ПАРК ПРОБИШТИП Бесплатен влез за концертите во август

Посетителите ги очекуваат две незаборавни музички вечери, одлична атмосфера и настапи исполнети со најголемите хитови на Катарина Грујиќ и Марија Микиќ.

ПО ПОВОД 15 ГОДИНИ АКВА ПАРК ПРОБИШТИП Бесплатен влез за концертите во август
Фото: Принтскрин

По повод големиот јубилеј – 15 години Аква Парк Пробиштип, влезот за двата претстојни концерти на регионалните музички ѕвезди Катарина Грујиќ и Марија Микиќ ќе биде целосно бесплатен.

Катарина Грујиќ ќе настапи на 8 август, додека концертот на Марија Микиќ е закажан за 22 август 2026 година.

Во соработка со своите партнери и добавувачи, Аква Парк Пробиштип одлучи двата музички настана да им ги подари на посетителите и заедно со нив да одбележи 15 години исполнети со летни авантури, забава и незаборавни моменти.

Аква Парк Пробиштип работи секој ден од 10:00 до 19:00 часот и нуди повеќе од 20 водени атракции за посетители од сите генерации. Базени, тобогани, мрзлива река, базен со бранови и бројни забавни содржини го прават Аква Паркот идеална дестинација за целодневно летно уживање со семејството и пријателите.

Иако влезот за двата концерта е бесплатен, резервацијата на маса е задолжителна поради ограничениот капацитет.

Посетителите ги очекуваат две незаборавни музички вечери, одлична атмосфера и настапи исполнети со најголемите хитови на Катарина Грујиќ и Марија Микиќ.

Резервации и дополнителни информации на телефонскиот број 077 754 024.

15 години Аква Парк Пробиштип – 15 години заедно со вас!

(ФОТО) ПРОДОЛЖЕНИОТ ВИКЕНД Е ЗА ВОДЕНА АВАНТУРА Три дена забава во Аква парк во Пробиштип

CATEGORIES
Share This