ОВА НЕ Е САМО ПЕСНА Македонски проект што ја слави историјата, Илинден и љубовта кон татковината
Авторите порачуваат дека делото е создадено за историјата да продолжи да живее преку музиката и да биде пренесена на идните генерации.

Галоп Битолска коњаница со нова песна во чест на Македонија: Проект посветен на историјата, Илинден и македонскиот дух. Не станува збор само за промоција на нова песна, туку за музички проект кој, според авторите, претставува дел од македонската душа, историја и аманетот што генерациите го наследуваат од своите предци.
Авторскиот тим истакнува дека проектот е создаден со многу љубов, почит и посветеност кон Македонија, со цел преку музиката да се зачуваат историското наследство, традицијата и споменот на илинденците.
„Нека оваа песна биде потсетник дека историјата не се заборава, туку се прераскажува, се пее и се пренесува на новите генерации“, порачуваат тие.
Во реализацијата на проектот учествувале бројни соработници, пријатели, институции и поддржувачи, меѓу кои се Ване Петкоски, INTV Македонија, Мими Марковски, Стојан Стојановски, Петар Горко, UTMS Скопје, како и поддржувач кој сакал да остане анонимен. Поддршка дале и градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски, Илче Трајковски, членовите на Галоп – Битолска Коњаница, Unikat Band, Македонска Куќа, ЛАКИ, Пекара Маја и Трајче Безистен.
Посебна благодарност е упатена до Музеј Крклино и Вера Попчановска, кои биле задолжени за автентичниот изглед и реквизитите, како и до сите спонзори и институции што ја поддржале реализацијата на проектот. Авторите порачуваат дека овој проект е доказ дека кога љубовта кон татковината е искрена, се создаваат дела што остануваат како трајно сведоштво за едно време.
„Нека живее македонската песна, македонската историја и вечната слава на илинденците“, порачуваат тие.
Погледнете во видеото.

