СЕ БЛИЖИ ДЕНОТ НА ВИСТИНАТА ЗА АРТАН ГРУБИ Остануваат само 17 дена
До 22 август обвинителството треба да поднесе обвинение, во спротивно може да му биде укинат куќниот притвор и да следува поблага мерка.

Последниот законски рок за завршување на истрагата против поранешниот вицепремиер Артан Груби истекува на 22 август. Доколку до тогаш не биде поднесено обвинение, можно е да му биде укината мерката куќен притвор.
Според важечките законски рокови, надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје има уште 17 дена да ја заврши истрагата и да донесе обвинителска одлука. Во спротивно, мерката куќен притвор престанува да важи.
Познавачи на кривично-правната материја коментираат за Национал дека доколку не биде поднесено обвинение, куќниот притвор автоматски се укинува, по што судот по службена должност определува друга мерка за обезбедување на присуството на осомничениот, најчесто одземање на патната исправа.
Артан Груби се врати во земјава на 23 февруари 2026 година преку граничниот премин Блаце, по околу 14 месеци поминати во бегство во Косово. Тој е осомничен во истрагата за проневера на 8,2 милиони евра поврзана со работењето на Државна лотарија.
ОСУМ МИЛИОНИ ЕВРА И 14 МЕСЕЦИ БЕГСТВО – Груби повторно во фокусот

