ОСУМ МИЛИОНИ ЕВРА И 14 МЕСЕЦИ БЕГСТВО – Груби повторно во фокусот
Основниот кривичен суд Скопје ја продолжи мерката куќен притвор за уште 30 дена.

Фото: Принтскрин
Поранешниот вицепремиер и министер за односи меѓу заедниците Артан Груби останува во куќен притвор со електронски надзор, откако Основниот кривичен суд Скопје ја продолжи мерката за уште 30 дена по предлог на Обвинителството.
Груби е осомничен заедно со поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, за проневера во вредност од околу осум милиони евра поврзана со ВЛТ-апарати. По повеќе од 14 месеци бегство, тој беше уапсен во февруари годинава на граничниот премин „Блаце“.
Иако претходно му беше одреден притвор во отсуство, по приведувањето и распитот во Обвинителството, судот одлучи мерката да ја замени со куќен притвор поради безбедносни причини.
CATEGORIES Македонија
