60 МИЛИОНИ ПАТНИЦИ, НО 542 МИЛИОНИ ЕВРА ЗАГУБА Што ја погоди Луфтханза

Приходите пораснаа за осум проценти, но скапото гориво сериозно ја намали заработката.

60 МИЛИОНИ ПАТНИЦИ, НО 542 МИЛИОНИ ЕВРА ЗАГУБА Што ја погоди Луфтханза
Фото: Принтскрин

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ ја заврши првата половина од 2026 година со нето-загуба од 542 милиони евра, и покрај значителниот раст на приходите.

Компанијата во првите шест месеци остварила приходи од 19,9 милијарди евра, што претставува зголемување од осум проценти во однос на истиот период лани. Сепак, подобрите приходи не биле доволни за да се избегне загубата, пред сè поради значително повисоките трошоци за авионско гориво.

Според „Луфтханза“, трошоците за керозин пораснале за 18 проценти и достигнале 4,2 милијарди евра. Просечната цена на горивото по тон, пак, била за околу 60 проценти повисока во споредба со минатата година.

Поради зголемените оперативни трошоци, германскиот авиопревозник ја намалил прогнозата за финансискиот резултат во 2026 година и очекува послаби перформанси од првично планираните.

Во првата половина од годината, „Луфтханза“ превезла повеќе од 60 милиони патници, што укажува на силна побарувачка за воздушен сообраќај, но високите трошоци за гориво продолжуваат сериозно да ја притискаат профитабилноста на компанијата.

CATEGORIES
Share This