НОВА ЗАКАНА ВО ГОСТИВАР Намален бројот на пациенти, но регистриран нов сомнителен случај
Во еден ден биле регистрирани 78 прегледи, шест помалку од претходниот ден, додека во Скопје е евидентиран нов сомнителен случај на Западнонилска треска.

Епидемиолошката состојба во Гостивар бележи благо подобрување, со намален број граѓани кои побарале медицинска помош, но здравствените власти регистрираа нов сомнителен случај на Западнонилска треска. Според податоците на Министерството за здравство, во текот на 3 август биле извршени вкупно 78 медицински прегледи, што е за шест помалку во однос на претходниот ден, кога биле евидентирани 84 прегледи.
Во меѓувреме, на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје е регистриран еден нов сомнителен случај на Западнонилска треска. Во тек се потребните медицински и лабораториски испитувања, по што ќе се утврди дали присуството на вирусот ќе биде потврдено или исклучено.
Од Министерството за здравство информираат дека продолжува непрекинатиот епидемиолошки надзор и координацијата со надлежните здравствени установи на терен. Здравствените власти најавуваат дека јавноста редовно ќе биде информирана за сите нови податоци и евентуални промени во состојбата.

