ДАЛИ КРАЈОТ НА ВОЈНАТА Е НА ДОФАТ Пезешкијан откри што се случува со договорот со САД

Иранскиот претседател тврди дека меморандумот има поддршка од сите членови на Врховниот совет за национална безбедност.

ДАЛИ КРАЈОТ НА ВОЈНАТА Е НА ДОФАТ Пезешкијан откри што се случува со договорот со САД
Фото: Принтскрин

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска изјави дека меморандумот за разбирање постигнат со Соединетите Американски Држави на 17 јуни, со кој се предвидува запирање на конфликтот, има целосна поддршка од членовите на иранскиот Врховен совет за национална безбедност. Пезешкијан оцени дека документот е резултат на „колективната мудрост“ на членовите на Советот и нагласи дека сите го поддржуваат.

„Верувам дека овој меморандум ќе биде центар на гравитација на нашите надворешни односи во иднина. Мора да се стремиме да го принудиме непријателот да остане посветен на она што го потпиша“, порача Пезешкијан во објава на платформата X.

Според иранскиот претседател, спроведувањето на меморандумот би требало да придонесе за подобрување на безбедноста на Иран, регионот и неговите сојузници. Најавите за дипломатско решение доаѓаат во момент кога повторно се засилија тензиите на Блискиот Исток. Конфликтот ескалираше по иранските напади врз комерцијални бродови во Ормутскиот теснец и врз американски цели во регионот.

Американскиот претседател Доналд Трамп пред два дена изјави дека САД засега ќе се воздржат од нови напади и дека приоритет ќе биде дипломатско решение. Дали меморандумот навистина ќе претставува пресвртница и ќе доведе до трајно запирање на борбите, сепак, ќе зависи од тоа дали Вашингтон и Техеран ќе ги почитуваат преземените обврски.

ТРАМП ГО ПОВЛЕЧЕ МАСОВНИОТ НАПАД ВРЗ ИРАН Техеран му порача – Остана без гориво

CATEGORIES
Share This