ПОСТИГНА ГОЛ ЗА СВЕТСКА ТИТУЛА, А СЕГА СИ ОДИ ОД БАРСА Торес сака во ПСЖ

Шпанскиот репрезентативец, кој го реши финалето на Светското првенство, не е во долгорочните планови на Ханси Флик.

ПОСТИГНА ГОЛ ЗА СВЕТСКА ТИТУЛА, А СЕГА СИ ОДИ ОД БАРСА Торес сака во ПСЖ
Фото: Принтскрин

Феран Торес, човекот кој го постигна победничкиот гол во финалето на Светското првенство против Аргентина и ѝ ја донесе шампионската титула на Шпанија, би можел да ја напушти Барселона. Шпанскиот репрезентативец наводно сака кариерата да ја продолжи во европскиот шампион ПСЖ, каде тренерот Луис Енрике го гледа како сериозна опција за засилување на нападот.

Договорот на Торес со Барселона истекува за една година, но каталонскиот клуб досега не презел конкретни чекори за негово продолжување. Дополнителен проблем претставува и фактот што, доколку биде продолжена соработката, Барселона би требало да му исплати дополнителни осум милиони евра на Манчестер Сити. И покрај заминувањето на Роберт Левандовски, Торес не се очекува да има значајна улога во плановите на тренерот Ханси Флик за нападот на Барселона. Токму затоа, евентуалната понуда од ПСЖ би можела да биде особено привлечна за шпанскиот напаѓач.

Според најавите, разговорите меѓу ПСЖ и Барселона би можеле да започнат во текот на следната недела. Торес пристигна на „Камп Ноу“ од Манчестер Сити во јануари 2022 година. Оттогаш одигра 207 натпревари за Барселона и постигна 65 голови, од кои 21 во актуелната сезона. На Светското првенство, пак, постигна само еден гол, но најважниот. Неговиот погодок во финалето против Аргентина се покажа како решавачки и го круниса во јунак на шпанската репрезентација.

CATEGORIES
Share This