КРИЗНА СОСТОЈБА ВО ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА Државата се мобилизира поради опасноста од пожари

Владата прогласи кризна состојба во траење од 30 дена, Главниот штаб при ЦУК ќе заседава постојано, а институциите ги ставаат сите капацитети на располагање.

КРИЗНА СОСТОЈБА ВО ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА Државата се мобилизира поради опасноста од пожари
Фото: Национал

Владата донесе одлука за прогласување кризна состојба на територијата на целата држава поради зголемената опасност од појава и ширење на пожари. Кризата стапува во сила од денеска и ќе трае во следните 30 дена.

Од Владата велат дека одлуката има цел да обезбеди навремено, координирано и ефикасно дејствување на институциите, како и максимално ангажирање на сите расположливи капацитети за заштита на животите и имотот на граѓаните и на природните ресурси.

Главниот штаб при Центарот за управување со кризи ќе работи во постојано заседание, додека сите органи на државната управа се задолжени целосно да ги стават на располагање своите ресурси и капацитети за справување со опасноста од пожари.

Од Дирекцијата за заштита и спасување упатија апел до граѓаните да бидат особено внимателни и да ги почитуваат препораките на надлежните институции.

CATEGORIES
Share This