ПАТУВАТЕ НАДВОР ОД МАКЕДОНИЈА Подгответе се за чекање – на Табановце над еден час

Зголемен број возила на патиштата и подолги задржувања на неколку гранични премини, АМСМ предупредува и на можни одрони.

ПАТУВАТЕ НАДВОР ОД МАКЕДОНИЈА Подгответе се за чекање – на Табановце над еден час
Фото: Национал

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, но интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е зголемен.

Поради зголемениот број возила, најдолги задржувања има на граничните премини. На Табановце за влез и излез од државата се чека повеќе од еден час, додека на Богородица за излез од земјата времето на чекање е околу еден час. На Блаце за излез од Македонија се чека околу 30 минути.

На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез и излез од државата.

Од АМСМ апелираат на внимателно возење и прилагодена брзина, како и на почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание се препорачува на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои можност од појава на одрони.

На зголемен ризик од одрони се посочуваат делниците Катланово–Велес, Маврово–Дебар–Струга, Виница–Берово и Кочани–Делчево.

Во сила е и сезонскиот режим на сообраќај. Од 15 април, патниот правец Охрид–Ресен преку Националниот парк „Галичица“ е отворен за сообраќај за сите видови возила со тежина до 3,5 тони.

CATEGORIES
Share This