НОВ ЦЕНОВЕН УДАР Горивата од полноќ повторно поскапуваат

Од полноќ Еуросупер БС-95 ќе се продава по максимална цена од 93 денари, а дизелот достигнува 98,5 денари.

НОВ ЦЕНОВЕН УДАР Горивата од полноќ повторно поскапуваат
Фото: Национал

Нов ценовен удар за возачите. Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите максимални малопродажни цени на нафтените деривати, кои ќе стапат на сила од полноќ.

Според одлуката на РКЕ, бензините поскапуваат за 3 денари по литар, дизелот за 4,5 денари, додека екстра лесното масло за домаќинство ќе има повисока цена за 5 денари по литар. Кај мазутот, цената се зголемува за 2,726 денари за килограм.

Од 28 јули 2026 година, од 00:01 часот, максималните цени ќе изнесуваат:

  • Еуросупер БС-95: 93 денари/литар
  • Еуросупер БС-98: 95 денари/литар
  • Еуродизел БС: 98,5 денари/литар
  • Екстра лесно масло за домаќинство ЕЛ-1: 98 денари/литар
  • Мазут М-1 НС: 48,099 денари/килограм

Новото поскапување доаѓа во период кога цените на горивата повторно бележат нагорен тренд, што може дополнително да се одрази и врз транспортните и останатите трошоци.

CATEGORIES
Share This