ВО НАПАД ВО ЗАПОРОЖЈЕ Осум лица загинаа, меѓу нив две деца
Регионалниот лидер ги обвини украинските сили за нападот, но од Киев засега нема потврда за овие тврдења.

Фото: Принтскрин
Најмалку осум лица, меѓу кои две деца, загинаа, а 14 се повредени во ноќен напад врз туристички објекти во селото Кириливка во Запорожје, соопшти денеска шефот на регионот, Јевген Балицки.
Според неговите информации, меѓу повредените има и три деца. Спасувачките екипи и службите за итни случаи сè уште се на терен, каде што продолжуваат операциите по нападот.
Балицки најави помош за семејствата на загинатите и повредените. Тој ги обвини украинските сили дека намерно го извршиле нападот врз цивили, тврдејќи дека биле свесни кого напаѓаат.
Украинските власти засега немаат потврдено одговорност за нападот.
CATEGORIES Свет


