СТРАШНО НЕВРЕМЕ ГО ПОГОДИ СКОПЈЕ Над 8.300 повици на 112 – 15 лица повредени

Над 8.300 повици на 112 за само четири часа, 15 повредени и огромна материјална штета – УХМР најавува можност за ново невреме во Скопје.

СТРАШНО НЕВРЕМЕ ГО ПОГОДИ СКОПЈЕ Над 8.300 повици на 112 – 15 лица повредени
Фото: Принтскрин

Силното невреме што попладнево го зафати Скопје предизвика огромен број пријави до Единствениот број за итни случаи 112. Од 17 до 21 часот биле регистрирани над 8.300 повици, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Во невремето се повредени 15 лица, од кои девет се примени на ТОАРИЛУЦ, а шест во Клиниката „Св. Наум Охридски“. Две лица се со потешки повреди, но сите се во стабилна состојба.

Невремето предизвика и голема материјална штета – паднати и откорнати дрвја, оштетени кровови и возила, како и блокирани улици. Падна и бината поставена во Градскиот парк за најавениот концерт на Џес Стоун.

ЦУК апелира до граѓаните за трпение поради зголемениот број повици. Материјалните штети може да се пријавуваат и во текот на утрешниот ден.

СИЛНО НЕВРЕМЕ ГО ПОГОДИ СКОПЈЕ Граѓаните објавуваат фотографии од последиците

CATEGORIES
TAGS
Share This